26 C
Skopje
сабота, јули 11, 2020

Во Сибир измерени рекордни 38 степени Целзиусови

Kabtel desktop

Сибир поставува рекорди со температурите. На 20 јуни во сибирскиот град Веркхојанск се забележани температури од 38 степени Целзиусови, што е највисока температура измерена на Арктикот.

Веркхијанск е на околу 10 км од Арктичкиот круг и на околу 420 км јужно од Арктичкиот брег. Заедно со Ојмијакон се најладните градови во светот. Иако луѓето се загрижени поради невообичаено високите температури, Верхојанск веќе го држи рекордот за најголема температурна разлика во светот. Претходно биле регистрирани максимални -67,8 степени Целзиусови на зима и 37,3 степени Целзиусови на лето.

Просечните температури во Верхојанск е околу 20 сетепени Целзиусови. Годинешната горештина, како што велат метеоролозите, е резултат на т.н. блокирачки систем на висок притисок на воздухот со денови, поради што се формира топлотен бран. Високиот притисок го потиснува воздухот надолу, ја загрева ниската атмосфера и ја заловува топлината.

Тој систем го блокира ладниот воздух од Арктичкиот брег на Русија да навлезе и да го разлади регионот. Високите температури и сувиот воздух придонесуваат за диви пожари, кои постојано се појавуваат во делови од северна Русија уште од април. Овие температурни промени не се пожелни ни за ледот долж сиберискиот брег, кој годинава во јуни бил најтенок во последните 41 година.

„Она што се случува годинава во Сибир е неверојатно. Вакво време очекувавме во 2100 година, а не 80 години порано“, вели експертот за клима, Џеф Берардели.

(Inhabitat, The Weather Channel)

(фото: Pikist)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •