26 C
Skopje
сабота, јули 11, 2020

Шведската еко-активистка Грета Тунберг направи филм за заканите од климатските промени

Kabtel desktop

Шведската активистка за спречување на климатските промени, тинејџерката Грета Тунберг, направи филм за да не потсети на опасностите од климатските промени наречен „Our House is on Fire“ („Нашата куќа гори“).

Во филмот е прикажано семејство кое ги игнорира пламените јазици кои го опфатиле нивниот дом исто како што ние луѓето го игнорираме фактот дека нашата планета буквално гори.

Потоа може да се слушне гласот на ГретаТунберг: „Нашата куќа гори. Јас сум тука за да ви кажам дека нашата куќа гори. Решавањето на кризата со климатските промени е најголемиот и најсложениот предизвик со кој се соочил разумниот човек. Возрасните постојано велат дека ни должат нам, на младите, да ни дадат надеж. Но, јас не ја сакам вашата надеж, не сакам да се надевате, туку да паничите. Сакам да го чувствувате стравот што го чувствувам јас секој ден. и потоа сакам да преземете нешто. Сакам да се однесувате како да е кризна ситуација, како да знаете дека куќата навистина гори.“

Грета Тунберг ја стартуваше нашата кампања на Денот на планетата Земја за да го привлече вниманието кон другите предизвици во текот на пандемијата. Иако нивото на загадувањето на воздухот се намали во текот на карантинот поради корона вирусот, се исчисти небото над Њу Делхи во Индија и водата во каналите во Венеција, активистите за заштита на животната средина велат дека треба да се преземат поголеми мерки.

Greta Thunberg made a film called 'Our House is On Fire' to remind us about the threat of climate change

Greta Thunberg's important message.🔎 Learn more about Greta Thunberg's call for action at Davos 2020: https://bit.ly/2RWAgqf

Posted by World Economic Forum on Петок, 26 јуни 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •