26 C
Skopje
сабота, јули 11, 2020

Научници открија дека можно е да постоел живот на месечината Европа на планетата Јупитер

Kabtel desktop

Научници открија дека можел да се создаде океан под површината на месечината Европа на планетата Јупитер, каде што температурата никогаш не е повисока од -140 степени Целзиусови, и заклучија дека таа огромна водена маса во минатото можела да поддржува живот во форма на микроби.

Европа, која под дебелиот слој лед на површината сокрива океан, долго време се смета за потенцијална локација за вонземски живот надвор од нашиот Сончев систем, заедно со другите кандидати како Марс или месечината Енцеладус на планетата Сатурн.

Ново истражување објавено пред неколку дена на конференцијата за геонауки 2020 Goldschmidt Conference, дополнително го истакнува тој потенцијал. Океанот на месечината Европа можеби се создал откако минерали богати со вода ја исфрлиле таа вода поради загревањето предизвикано од распаѓањето на радиоактивни елементи во внатрешноста на месечината во блиското минато, утврдија научниците. Исто така, улога во креирањето на океанот можеби одиграла и плимата предизвикана од меѓугравитациските односи на Европа и Јупитер, како и другите две големи месечини на Јупитер – Ио и Ганимед.

„Веруваме дека океанот на Европа можел да поддржува живот во раната фаза од содавањето затоа што нашите модели покажуваат дека составот на океанот можел да биде само благо кисел и содржел јаглерод диоксид и некои соли на сулфати“ вели планетарниот експерт Мохит Мелвани Дасвани од лабораторијата на НАСА, Jet Propulsion, кој е водител на студијата.

Расположливоста на слатка вода е предуслов за живот. Освен тоа, хемиските реакции меѓу океанот и камената внатрешност можеле во минатото да бидат со такви размери што потенцијалниот живот бил возможен затоа што можел да ја користи хемиската енергија за преживување.

Дасвани вели дека микробите, слични на некои бактерии на Земјата кои користат јаглерод диоксид како извор на енергија, можеле да преживеат користејќи го она што им било на располагање во раната фаза од создавањето на океанот на Европа.

Месечината Европа е малку помала од нашата Месечина. Океанот на Европа веројатно е длабок 65 до 160нкм и содржи двојно повеќе вода отколку сите океани на Земјата. Со истражувањето не се вршела проценка дали е можен живот на Европа и денес, па со тоа прашање се занимаваат сега.

„Ако некаде е возможен живот, не значи дека таму навистина може да се живее. Тоа значи само дека условите се такви што би овозможиле преживување на исклучително отпорни форми на живот какви што познаваме на Земјата“ објаснува Дасвани.

(Dnevnik.hr, Science Alert)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •