26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Компанијата Ottan Studio го трансформира зелениот отпад во декорации за домот

Kabtel desktop

Стартапот Ottan Studio за „зелен дизајн“ е основан со цел да произведува декорации за домот направени од рециклирана храна и зелен отпад. Со собирање материјали како лушпи од овошје, мешункаст зеленчук со поминат рок, остатоци од растителни масла, лисја и трева, компанијата може да создаде шаренолик и тренди мебел притоа создавајќи нула отпад.

Процесот почнува со собирање на отпадот од локалните трговци, производителите на храна и стаклениците. Тие материјали потоа се додаваат во еколошки лепаци и се ставаат во калапи за да се креираат цела низа производи. Ottan Studio може да ја претвори пулпата морковите потребни за пет чаши сок или лушпите од доволно портокали за четири часи сок во еден абажур.

Како што велат од компанијата, нивните дизајнери не сакаат да го користат дрвото како одржлив материјал затоа што глобалната консумација на дрво ги уништува шумите. Ако не се сменат моделите на консумација и производство, како што пишува на веб страницата на Ottan Studio, шумите од целиот свет ќе ги снема за 100 години. Затоа, ова дизајнерско студио ветува дека ќе посади по едно дрво за секој продаде производ.

Со користењето материјали кои инаку би биле фрлени како што се лушпите, лисјата и трвата, компанијата докажува дека нема потреба да се сечат дрвја за да се направат стилски производи кои се совршени за минималистичките домови. За производите да бидат уште поуникатни, Ottan не користи дополнителни бои туку ги задржува оригиналните, природни бои на искористените материјали. Бидејќи производите се прават рачно, нема два исти производи.

(Inhabitat)

(Ottan Studio, Instagram)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •