31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Aнкетата на НДИ: Економскиот развој е приоритет на гласачите, кои се загрижени за Ковид епидемијата!

Kabtel desktop

Новата национална анкета на јавното мислење во Северна Македонија на Националниот демократски институт (НДИ) спроведена пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори на 15 јули покажува дека економскиот развој е приоритет на гласачите и тие остануваат загрижени за епидемијата
на КОВИД-19.

Од почетокот на епидемијата на КОВИД-19 во март, општиот впечаток на јавноста е попесимистичен, пришто 44% од испитаниците велат дека земјата се движи во погрешна насока, наспроти 33% во претходната анкета  спроведена во месец март 2020. Економијата/животниот стандард воопшто, а особено вработувањето се најважни за една третина од испитаниците. Друга третина вели дека антикорупцијата и другите реформи во областа на владеењето на правото се нивен приоритет.  Скоро една четвртина вели дека КОВИД-19 е нивната најголема грижа.

„Анкетата го отсликува основниот континуитет на јавното чувство уште пред епидемијата со КОВИД-19, особено за економскиот развој и антикорупциските реформи”, истакна Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ/Северна Македонија.

„Гласачите аплаудираат за членството во НАТО и најавениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, но економските и здравствените грижи кои преовладуваат ги обликуваат нивните приоритети во однос на овие избори“.

Чувствата на гласачите за двете водечки партии/коалиции – СДСМ / Беса и ВМРО-ДПНМЕ – остануваат во голема мера непроменети од почетокот на епидемијата на КОВИД-19, со блиски конкурентни нивоа на јавна поддршка (9% од гласачите се неопределени).

„Гласачите во Македонија точно ги знаат своите приоритети кои ќе ги одведат до гласачките кутии“, истакна Роберт Бенџамин, директор на НДИ/Централна и Источна Европа. „При тесни избори, тие го проценуваат политичкото лидерство и партиските политики поврзани со владеењето на правото и економијата кои им се најважни.”

Речиси 7 од 10 испитаници велат дека веројатно ќе гласаат. Четириесетиеден (41) процент од сите испитаници изразуваат загриженост во врска со демократските стандарди на изборите. Четириесетишест (46) проценти изразуваат загриженост во врска со здравствените мерки за заштита, но за голем дел нив оваа загриженост е намалена поради најавените протоколи на Министерството за здравство. Педесетишест (56) проценти се многу или донекаде загрижени за тоа дека КОВИД-19 или дезинформациите во врска со изборите можат негативно да влијаат на изборниот процес.

Чувството на јавноста е стабилно во однос на Преспанскиот договор од 2018 година, при што 58% го поддржуваат или веруваат дека бил потребен. Една третина е против договорот. Големо мнозинство, речиси 75%, го одобрува членството во НАТО и влезот во Европската Унија.

„Во еден комплексен период со тешки предизвици и можности кои ветуваат, граѓаните на Северна Македонија сакаат едно демократско лидерство кое ќе ја обедини земјата и добро владеење на правото кое ќе ги унапреди реформите”, истакна Хејзлет.

НДИ ја спроведе анкетата на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12-21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници кои имаат над 18 години. Анкетата е со маргина на грешка од +/- 2.8 проценти и 95% стапка на доверба. Истражувањето и анализата беа спроведени од страна на Тим институт и Starr Opinion Research во име на НДИ.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •