-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Обединетите нации предупредуваат дека се повеќе болести од животните преминуваат на луѓето

Kabtel desktop

Расте бројот на болести предизвикани од вируси кои од животните преминале на луѓето, а еден од нив е и КОВИД-19, наведува група експерти во извештајот објавен вчера. Ебола, МЕРС, болеста предизвикана од вирусот на западен Нил и треската на Рифтската долина се неколку примери на зоонотски заразни болести, а за тој тренд придонесуваат уништувањето на околината, вели Агенцијата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и Меѓународниот институт за истражувања на полето на сточарството (ILRI).

„Иако многумина се изненадија од појавата на корона вирусот, ние што работиме со зоонози (болести на животните) не сме изненадени. Таа пандемија беше многу предвидлива“ вели Делија Рандолф, ветеринар-епидемиолог од Институтот за истражување на сточарството и водечки автор на извештајот.

Рандолф опишува многу јасен тренд откако во 30-тите години покажале дека 75% од новите болести потекнуваат од дивината. На пример, КОВИД-19 најверојатно потекнува од лилјаци, наведуваат и Агенцијата и Институтот. „Ќе се појават нови болести ако владите не преземат активни мерки за да спречат други зоонотски болести да преминат на човечката популација“ предупредуваат од Агенцијата за животна средина на ОН.

Извештајот идентифкува седум трендови одговорни за преваленцијата на зооносите, меѓу кои поголемата побарувачка за животински протеини, растот на интензивното и неодржливо земјоделство, поголемата експлоатација на подрачја на кои живеат диви животински врсти и климатските промени.

Науката јасно вели дека ако продолжиме да ја експлоатираме дивината и да ги уништуваме нашите екосистеми, тогаш можеме во годините што претстојат да очекуваме се повеќе болести кои од животните преминуваат на луѓето, вели извршната директорка на Агенцијата, Ингер Андерсен.

Заштитата на околината може да помогне да се заштита луѓето од долготрајните пандемии како што е КОВИД-19, затоа што токму луѓето ги рушат природните бариери кои некогаш ги штителе луѓето од патогените, велат од UNEP. Секоја година околу 2 милиони луѓе, главно во државите со ниски и средни примања, умираат од занемарени зоонози, се вели во извештајот.

Само во последните две децении зоонотските болести предизвикаа економски штети од над 100 милијарди долари, а тука не е вклучена загубата предивикана од пандемијата на корона вирусот, за која се очекува дека ќе достигне 9 трилиони долари во текот на наредните неколку години, велат од ОН.

(Dnevnik.hr, UNEP)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!