-4.2 C
Skopje
понеделник, јануари 24, 2022

Ова е најголемиот 3Д печатен чамец во светот

Kabtel desktop

Ова е најголемиот 3Д печатен чамец во светот. Потребни биле само 72 часа за да се направи чамецот 3Dirigo. Материјалот од кој е испечатен е мешавина од пластика и целулоза. Печатењето било направено со најголемиот 3Д принтер во светот на Универзитетот Мејн.

Чамецот е долг 7,6 метри и тежи 2,25 тони. Бродот е прототип на патролните бродови на војската. Проектот за изградба на чамецот има освоено три Гинисови светски рекорди: најголем 3Д принтер, најголем 3Д испечатен предмет и најголем 3Д печатен чамец во светот.

Универзитетот Мејн исто така развива материјал за печатење специјални дизајниран за бродови. Материјалот е направен од 50% дрво и има слични особини како чистиот алуминиум, а ќе послужи како евтина алтернатива за фрадење бродови.

Можностите на 3Д печатењето брзо се менуваат. Во Дубаи неодамна беше путена во употреба најголемата 3Д печатена двокатна структура во светот, а американските архитекти ги претставија своите планови за изградба на 3Д спечатена вселенска база на Марс направена од вселенски камења.

(World Economic Forum)

(фото: University Maine)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!