31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

ЕБОР и ЕУ го зголемуваат финансирањето на мали и средни фирми во регионот

Kabtel desktop

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија ќе обезбедат дополнителна финансиска поддршка за малите и средните претпријатија во Западен Балкан за справување со последиците од корона-кризата.

Од Канцеларијата на ЕБОР во Скопје информираат дека Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерски финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. 

Европската Унија, пак, обезбедува 15 милиони евра наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија.

– Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи. ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици – се наведува во соопштението.

Потпретседателот за политика и партнерство во ЕБОР, Пјер Хеилброн вели дека остануваат посветени на поддршката на бизнисите, а според комесарот на Европската унија за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, малите и средните претпријатија се витални за економиите на Западен Балкан кои треба да се поддржат.

 – Заради тоа, ја градиме нашата долгорочна соработка со ЕБОР во регионот, за поддршка на МСП, не само во тековното работење, туку и во зајакнување на нивната отпорност и поставување основа за одржливо обновување – вели Вархеји.

ЕБОР досега во Западен Балкан има инвестирано над 13 милијарди евра во над 700 проекти, вклучувајќи ги инфраструктурата, малите и средните претпријатија и зелената економија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •