Како Русија ги става селата во карантин

- Advertisement -

Руските власти ископаа ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин откако корона вирусот бил потврден кај повеќе од десетина жители. Локалните власти веруваат дека вирусот се проширил преку традиционалните шамански обреди.

Селото Шулута, кое се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Бајкалското Езеро во регионот Бурјатија во Сибир, има 37 потврдени случаи на корона вирусот од 390 жители.

- Advertisement -

Се верува дека уште 95 луѓе биле во контакт со заразените и се ставени во карантин. Рововите околу селото биле ископани на 29 јуни како мерка да се спречат туристите да не возат низ селото до блискиот Национален парк Тунка, како и за ограничување на движењето на локалните жители, од кои некои биле скептични во врска со наредбата за самоизолација.

Моментално по единствениот пат до селото патролираат локалните власти и припадници на руската Национална гарда, кои дозволуваат влез само во итни случаи и за достава на храна.

- Advertisement -

(Bizlife, Reuters)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -