Компанијата OnePlus на 21 јули го закажа првото светско претставување на смартфон во засилена реалност

- Advertisement -


На 21 јули компанијата OnePlus ќе го претстави првиот OnePlus Nord уред, најновиот додаток на линијата брендирани паметни телефони на глобалната технологија. OnePlus им одолеа на предизвиците на индустриските стандарди и пред пет години го одржа првото претставување во целосно виртуелна реалност во светот. Сега тоа наследство се продолжува и првиот Nord уред ќе биде претставен на првото претставување во засилена реалност (АR) во светот.

Како бренд изграден врз непоколебливата поддршка на глобалната заедница, OnePlus е посветен на тоа на корисниците да им овозможи возбудливи и освежителни доживувања, кои се битни. Овој нов формат овозможува OnePlus не само да го претстави Nord на досега невиден начин, туку и да ја искористи технологијата на засилена реалност која на корисниците им овозможува новиот производ да го видат и доживеат од безбедноста на своите домови.

- Advertisement -

„OnePlus Nord претставува нов почеток за компанијата OnePlus и ни нуди можност нашата технологија да ја споделуваме со повеќе луѓе од целиот свет. За ова претставува сакаме сите удобно да се сместите, да се опуштите и по прв пат да го доживеат нашиот нов телефон од удобноста на своите дневни соби. Сметаме дека запознавањето со Nord на многу поличен и поинтимен начин совршено ја одразува нашата амбиција доживувањето на OnePlus да го направиме подостапно за корисниците“ изјави Пол Ју, директор на компанијата OnePlus Nord.

AR претставувањето на телефонот OnePlus Nord ќе може да се види преку AR апликацијата OnePlus Nord, која е достапна на Google Play Store и на Apple App Store. Претставувањето ќе почне во 16ч по централноевропско време.

- Advertisement -

Како да ја користите апликацијата AR OnePlus Nord

Преземете ја AR апликацијата на Play Store и App Store.
Инсталирајте ја апликацијата и прифатете ги дозволите потребни за AR доживување.
Стартувајте ја апликацијата и следете ги упатствата за поставување на вашиот аватар и на апликацијата.

- Advertisement -

Како да го гледате AR претставувањето

Отворете ја AR апликацијата OnePlus Nord во 16ч. Следете ги упатствата на екранот за да почнете со AR доживувањето. Погрижете се да имате добра интернет врска за да немате прекини.

OnePlus креираше и физичка AR покана, која на корисниците преку AR ќе им овозможу уникатно, активно доживување на OnePlus Nord производот директно од нивните домови. За повеќе информации посетете ја страницата oneplus.com.

(Bizlife)

(фото: OnePlus)

Сподели!
- Advertisement -