Направени најблиските фотографии од Сонцето досега

- Advertisement -

Направени се досега најблиските фотографии од Сонцето досега од оддалеченост од околу 77 милиони километри, пренесе BBC. За најблиските снимки досега заслужна е сондата на соларниот орбитер (SolO) на Европската вселенска агенција која беше лансирана годинава.

Фотографирани се мини блесоци наречени логорски огон. Тие се милионити дел од Сончевите џиновски пламени јазици кои може да се видат со телескоп од Земјата. Засега не е јасно дали овие минијатурни верзии имаат исти механизми, изјави Дејвид Лонг, главниот истражувач на SolO.

- Advertisement -

Ракетата со сателитот на Европската вселенска агенција беше лансирана во февруари од Кејп Канаверал. Мисијата на сателитот е да ги разоткрие тајните на динамичното однесување на Сонцето.

Сончевите емисии не даваат само светлина и топлина, туку имаат многу побитно влијание на Земјата. Набиените честички во магнетното поле често ја пореметуваат работата на сателитите, електрониката и радиската комуникација, наведува BBC.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, BBC)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -