16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Научниците предупредуваат дека корона вирусот oстава долгорочни срцеви проблеми

Kabtel desktop

Две нови студии на германски научници укажуваат на тоа дека повеќе од три четвртини од пациентите кои неодамна закрепнале од инфекцијата со КОВИД–19 имаат развиено долгорочен срцев проблем, дури и ако нивната состојба не бара хоспитализација. Резултатите од истражувањето на германските доктори беа објавени пред неколку дена во списанието JAMA Cardiology.

Резултатите од магнетната резонанца на срцето на стотина опоравени од КОВИД-19 докторите ги споредиле со резултатите од истите испитувања направени на стотина луѓе кои не биле заразени со корона вирусот. Просечната возраст на испитаниците била 49 години, а две третини од болните се опоравувале дома.

Откако повеќе од два месеци меѓу инфицираните пациенти биле забележана поголема веројатност за развој на срцеви проблеми во однос на испитаниците од контролните групи. Се покажало дека кај најголем дел од пациентите, 78%, настанале сериозни оштетувања на срцевиот мускул, како тие што се јавуваат после срцев удар. Од нив 67% од пациентите закрепнале дома, а состојбата на 33 пациенти барала хопситализација.

Станува збор за реалтивно млади и здрави пациенти на возраст од 45 до 53 години кои се разболеле напролет, а многу од нив се вратиле од скијање и никој не мислел дека има проблеми со срцето. Фактот дека кај 78% од пациентите кои закрепнале од корона вирусот се развил сериозен срцев проблем укажува на тоа дека болеста кај поголем дел од пациентите остава последици на срцевиот мускул, иако не постојат вообичаените симптоми на срцеви ззволувања. Затоа научниците сметаат дека што на пациентите ќе им се дијагностицира КОВИД-19, веднаш треба да се дејствува и да се следи состојбата на срцевиот мускул.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •