16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Развојната банка ги повлече првите милиони од ЕИБ за евтини кредити

Kabtel desktop

Развојната банка денеска повлече 50,9 милиони евра, половина од парите наменети за евтини кредити за домашните компании, соопштија оттаму.

Петтата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5, која ја користи Развојна банка, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании. Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку 6 комерцијални банки со кои Развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија. 

„Најголем дел од овие средства, 40 отсто или 10,2 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 5,7 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 16 проценти или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 2,1 милиони евра или 8 проценти, додека за секторот здравство и секторот услуги се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 9 отсто, соопштуваат од Развојна банка.

Информираат дека во текот на месец август ќе бидат повлечени од ЕИБ и остатокот од расположливите средства во износ од околу 25,3 милиони евра, во една или повеќе транши.

Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,7 милиони евра со кои се поддржани 251 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 629 лица.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •