18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Осум работи кои не треба да ги направите на интервју за работа

Првите впечатоци се многу важни во ситуации кога треба да се претставите себеси и своите успеси. Интервјуата за работа може да бидат многу стресни за некои лица, а некои ситуации треба да се избегнат.

Кога ќе ни се пружи можност за работа, можеме да ги зголемиме нашите шанси за успех со подобро подготвување за интервјуто. Притоа, важно е да избегнуваме да правиме некои од овие работи додека и натаму одговараме на прашања со интересни приказни.

Избегнете ги овие работи:

1. Покажување само на своите достигнувања

Повеќето луѓе забораваат околу 40% од она што го слушаат во рок од 24 часа и 90% од она што го слушаат во рок од една недела. Донесувачите на одлуки кога станува збор за процесот на вработување се особено чувствителни на вашите достигнувања. Ако се фокусирате на вашиот карактер и раскажувате приказни што истиот го илустрираат, вашите информации ќе останат видливи.

2. Раскажување приказни кои се фокусираат само на напорна работа

Луѓето, а особено оние од техничките области, сакаат да ја „покажат својата работа“, исто како што учеа на часови по математика. Но тоа, многу лесно може да нè наведе да се изгубиме во деталите. Колку работиш не им е важно на повеќето менаџери. Наместо тоа, потенцирајте ги резултатите од вашата работа.

3. Набројување на настани

Колку и да звучи импресивно да ги наведете сите настани кои стојат позади вас, од основно училиште до она што сте денес, тоа не е приказната со која ќе го постигнете саканиот ефект. Најдете структура и издвојте некое значење и тогаш ќе имате приказна. Започнете со некој интригантен почеток и завршете ја приказната со некој задоволувачки крај.

4. Разговарате премногу долго

Имате максимум три минути за да ја раскажете вашата приказна. Се што е подолго од тоа станува досадно.

5. Ги оставате работодавците сами да го обликуваат своето мислење

Ова е клучна разлика помеѓу книжевното раскажување и раскажување на деловните активности. Успешна литературна приказна го изненадува читателот, го остава да размислува и го охрабрува да се врати назад и повторно да ја прочита приказната за да најде индиции во мотивацијата на ликовите, но успешната деловна приказна покренува специфично прашање. Ова го води читателот до главната точка што сакате тој / таа да ја разбере за да може да преземе акција.

Создадете незаборавен крај на вашата приказна. Како може да се издвоите од десетина или повеќе кандидати кои работодавачот ги видел денес?

6. Премногу споделувате

Бидете внимателни да не споделувате премногу приватни карактеристики. Постои одредено ниво на ранливост. Дефинирајте го и запознајте го. Откривањето недостаток на искуство е ранливо, но покажувањето недостаток на добар карактер е срамно и проблематично.

7. Премногу се фалите

Ова може да доведе до тоа да не успеете да го прикажете богатството на вашите карактеристики на вистински начин. Интересните приказни исто толку лесно можат да потекнуваат од вашата улога на сведок или едноставно од вашата улога на пријател. Запишете ги главните изјави што ќе ги дадете во интервјуто и поврзете ги со приказната.

8. Анализирање на интервјуто

После интервјуто, сигурно ќе го проучите секој дел од тој разговор, секоја незгодна пауза, кашлица или насмевка. Но, тоа не е во ред. Луѓето обично не се добри во читањето на говорот на телото, па затоа е важно да престанете да го правите тоа.

Откако ќе заврши интервјуто, кажи си, „дадов се од себе. Сега мора да продолжам да се обидувам“. Додека чекате одговор направете нешто продуктивно. Повикајте пријател, научете нов јазик или нешто трето, пишува Форбс.

Извор – www.vrabotuvanje.com.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •