15 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Нови тестови за корона вирус во Велика Британија даваат резултати за само 90 минути

TMF desktop 19.08.2020

Нови тестови за корона вирус, кои треба да бидат достапни во лабораториите и болниците во Велика Британија од идната недела, ќе можат да откријат присуство на САРС-КоВ-2 вирусот за само 90 минути. Ваквите тестови ќе бидат особено корисни во текот на зимата, затоа што ќе помогне да се разликува КОВИД-19 од останатите сезонски болести и вируси.

Моментално најголем дел од тестовите за корона вирусот и понатаму даваат резултати во рок од 24 часа, додека кај некои резултатите се чекаат до два дена. Затоа лекарите се посебно задоволни од новите тестови затоа што брзите анализи ќе им помогнат да ги разликуваат заболените од корона и болните од сезонски грип.

Речиси половина милион од новите брзи тестови ќе бидат достапни од идната седмица во установите за нега на возрасни, а милиони ќе бидат достапни подоцна во текот на годината. Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, ја опиша оваа иновација во тестирањето како „спасители“.

„Милиони брзи тестови за корона вирусот ќе даваат резултати за помалку од 90 минути, што ќе ни помогне побрзо да го разбиеме синџирот на пренос на заразата. Фактот дека овие тестови може да откријат грип како и КОВИД-19 ќе биде од голема корист додека ни доаѓа зимата, така што пациентите можат да следат правилни совети за заштита на себеси и на другите“ вели Хенкок.

Новите брзи тестови ќе анализира брисеви во мобилни лаборатории. Податоците за исправноста на овие тестови уште не се јавно достапни, но тие кои стојат зад нив велат дека постојат контроли за проверка на лажни негативни резултати.

(Klix.ba, Anadolu Agency)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •