12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

TMF desktop 19.08.2020

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува „Спутник“.

„Во моментов е во тек последната, третата фаза. Тестирањата се исклучително важни. Мора да сфатиме дека вакцината мора да биде безбедна. Медицинските професионалци и постарите граѓани ќе бидат првите што ќе се вакцинираат”, изјави Гриднев.

Според заменик-министерот, ефикасноста на вакцината ќе се процени кога населението ќе развие имунитет.

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, претходно порача дека масовната вакцинација во Русија се очекува да почне во октомври. Според министерот, сите трошоци ќе бидат покриени од државниот буџет. Вакцината е развиена заедно од Институтот за истражување „Гамалеја“ и руското Министерство за одбрана.

Руската вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, минува низ клинички испитувања во две установи: Главната воена клиничка болница „Бурденко“ и Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“.

Вакцината, заеднички проект на „Гамалеја“ и руското Министерство за одбрана, има две компоненти кои се инјектираат одделно, и кои се очекува заедно да изградат долгорочен имунитет против вирусот.

Клиничките испитувања на вакцината почнаа на 18 јуни и вклучија 38 доброволци. Сите учесници развија имунитет. Првата група беше отпуштена на 15 јули, втората група на 20 јули.

(denar.mk)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •