12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Facebook и Twitter воведуваат нови мерки во борбата против дезинформации во пресрет на претседателските избори во САД

TMF desktop 19.08.2020

Социјалните мрежи ја засилија бробата против дезинформаците за американските избори. Facebook стартуваше центар за помош на корисниците со изворите поврзани со изборите, а Twitter ги прошири правилата против дезинформациите за гласањето преку пошта и предвременото гласање.

Овие мерки следуваат откако социјалните мрежи станаа предмет на критики поради она што го нарекуваат немарен пристап кон лажните вести и кампањите за дезинформации, за кои многумина веруваат дека влијаеле на исходите од изборите во 2016 година.

Мерките на Twitter ќе вклучуваат создавање на нови правила кои ги нагласуваат точните информации за сите достапни опции за гласање, вклучувајќи ја и поштата и предвременото гласање. „Фокусирани сме на секоја личност со право на глас преку партнерство, алатки и нова политика“ велат од Twitter.

Facebook, пак, стартуваше Центар за информирање за гласање за на корисниците да им овозможи да дадат точни и лесно достапни информации за гласање, без оглед на тоа каде живеат.

Компанијата на својот блог соопшти дека исто така разговарале со овластени лица за дезинформациите околу резултатите на избрите како можна опасност. Twitter, пак, објави на својот блог дека во текот на наредниот месец ќе воведе нови мерки за нови алатки, политика и ресурси за гласање. Истражуваат како да ја прошират својата политика за граѓански интегритет за да се позанимаваат со погрешното прикажување на гласањето преку пошта и други постапки.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќе пати без докази тврдеше дека гласањето преку пошта, за кое се очекува дека значителноо ќе се зголеми поради пандемијата, е подложно на големи измами. Процесот не е новина во САД – речиси секој четврти бирач на тој начин гласал на изборите во 2016 година. Многу експерти велат дека тоа е поради рутинските методи и децентрализираниот карактер на американските избори го отежнал гласањето преку пошта.

(Dnevnik.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •