8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Експертите советуваат како родителите да разговараат со децата за носењето маски

Kabtel desktop

Пoвеќето возрасни луѓе ја разбираат потребата за носење заштитни маски со цел да се спречи ширењето на корона вирусот и науката која стои зад неколку студии кои ја докажаа нивната ефикасност. Меѓутоа, децата потешко сфаќаат зошто мора да носат маски во текот на пандемијата. Експертите ги советуваат родителите како да разговараат со децата за потребата за носење маски за да им помогнат да бидат безбедни тие и другите околу нив во текот на кризата со КОВИД-19.

Д-р Шона Гали, педијатар и родител која работи како главен клинички службеник во Centura Health со седиште во Колорадо, САД, препорачува на децата да им се oвозможи време за да се навикнат на редовното носење маски. Гали исто така вели дека е битно да се прилагоди јазикот кој се користи за објаснување во зависност од возраста и потребите.

За децата кои имаат од 2 до 4 години Гали вели дека е најбитно родителите да преземат се за децата сами да носат маски. „Секое дете е посебно, нo повеќето ќе сакаат да прават како што прават другите, особено оние кои се најблиску до нив. Ако мама, тато и братчето или сестричката носат наски, тогаш и малото дете ќе посака да носи маска“ вели Гали.

Таа смета за малите децата и децата од предучилишна возраст носењето маски треба да се претвори во забавна игра, дека маските треба да бидат шарени и поврзани со работи кои ги препознаваат. Исто така треба на децата да им се објасни зошто мора да носат маски.

Родителите можат да објаснат дека сега сите мора да носиме маски за да ги задржиме микробите за себе. Можете да им речете на децата дека со носењето маска ги штитат своите другарчиња од болести, а маските ги штитат нив самите“, објаснува Гали.

Што се однесува на тинејџерите, тие веројатно добро сфаќаат што се случува во светот. Но, Гали вели дека родителите треба да имаат на ум дека секој средношколец е посебна индивидуа и дека мора да бидат свесни како да им пристапат за да не предизвикаат анксиозност. Според Гали, кога децата ќе дојдат во тинејџерските години, прилично се вешти во собирањето информации, па битно е родителите да ги насочат кон вистинските извори на тие информации.

„Кажете им линк до некоја компетентна институција, а потоа одржете семеен состанок за да разговарате за тоа што сте прочитале и да дознаете што мислат и што чувствуваат во врска со тоа. Откако вашите деца ќе сфатат што се случува, можете да разговарате со нив за важноста на носењето маски“ вели Гали.

На таа возраст, како што вели Гали, децата треба да знаат дека и иако не се изложени на толку голем ризик како возрасните, можат да го пренесат вирусот на некој кој може сериозно да се разболи.

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!