Не е секогаш лесно да знаете дали сте се напиле премнгоу алкохол, но вашиот паметен телефон би можел да ви помогне во тоа и тоа со мерење на промените на начинот на кој одите. Овие информации би можеле да им помогнат на луѓето да го намалат внесот на алкохол и да спречат возење во алкохолизирана состојба, велат истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Питсбург.
Истражувачот и доктор во брза помош Брајан Суфолето и неговиот тим нашле 22 волонтери на возраст од 21 до 43 години. Им дале по еден час за консумриање коктели, во кои имало доволно вотка за нивото на алкохол во крвта да им се покачи на 2 промили, што е многу повеќе од дозволеното.
Потоа паметните телефони ги фиксирале на долниот дел од грбот на секој волонтер и седум часа го тестирале нивото на алкохол во крвта и способноста за одење по права линија. Требало да направат десет чекори во еден правец, да се свртат и да направат десет чекори назад.
Користејќи ги акцелерометрите на паметните телефони тимот на Суфолето забележал дека во 90% од случаите дошло до промена во начинот на одење на волонтерите и прецизно можеле да предвидат кога концентрацијата на алкохол во крвта на волонтерите ја надминала дозволената граница.
„Оваа контролирана лабораториска студија покажува дека нашите телефони може да бидат корисни за препознавање на фунцкионалните оштетувања поврзани со алкохолот. Имаме моќни сензори кои ги носиме со себе секаде. Мора да научиме како да ги користиме за најдобро да му служат на јавното здравство. На овој начин може да се предупреди и некој кој не е ни свесен дека е во алкохолизирана состојба и не смее да вози“ вели Суфолето.
Студијата е објавена во списанието Journal of Studies on Alkohol and Drugs.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)