21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Во Долината на смртта во Калифорнија измерена највисоката температура во светот

Во недела, 16 август, американската Национална метеоролошка служба ја измери највисоката температура кога било измерена на Земјата. Високите температури во Долината на смртта во Калифорнија се вообичаени, но новиот рекорд ги надминува сите температурни рекорди досега и повторно го вклучува алармот за глобалното затоплување. Според Националната метеоролошка служба, се чека потврда за температурата од 54,5 степени Целзиусови.

Високите темепратури во Долината на смртта се совпаѓаат со топлотниот бран кој го зафари Западниот Брег. Националната метеоролошка служба предвидува дела темепратурите во долината уште повеќе ќе растат во текот на неделата, но топлотниот бран веќе има разорни последици во Калифорнија. Жителите на регионот треба да очекуваат повеќе денови без струја затоа што се верува дека топлината ќе предизвика оштетувања на електричната мрежа.

Жителите на регионот велат дека толку е топло што кога се шетаат надвор имаат чувство како во нив да дуваат стотици фенови за сушење коса. Чувствуваат како да влегуваат во некоја печка и топлината е секаде околу нив.

Пред овие рекордни температури највисоката забележана температура на Земјата е 54°C, исто така во Долината на смртта во 2013 година. Истата година биле измерени 56,6 степени Целзиусови, но не биле прифатени како валидни.

(Inhabitat)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •