-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Вештачка интелигенција ќе ги следи поранешните затвореници и ќе проба да ги држи на слобода

Kabtel desktop

TYPO

Според податоците на американското Министерство за правосудство, дури над 80% од бившите затвореници повторно ќе бидат уапсени во период од девет години после нивното ослободување. Социјалната и економската ситуација се само некои од причините зошто многумина од нив повторно се препуштаат на живот од погрешната страна на законот.

Досега се направени многу истражувања за рецидивизмот, а двајца научници од Катедрата за компјутерски и информатички технологии на Универзитетот Пердју наскоро треба да започнат со својот проект со цел подобро разбирање на причините поради кои бившите затвореници не можат да се вклопат во нормалниот живот и се враќаат на криминалот.

Нивното истражување, кое ќе трае 4 години, прилично е контроверзно затоа што вклучува следење на бившите затвореници и користење на вештачката интелигенција, која треба да го анализира нивното однесување. Научниците Маркус Рогенс и Умит Карабијик сметаат дека затворениците не се чувствуваат рамноправни со остатокот од општеството после излегувањето од затвор и со помош на вештачка интелигенција ќе се обидат да ги пронајдат причините за тоа. Проектот ќе се спроведува во сојузната држава Индијана, а во него ќе учествуваат 250 бивши затвореници.

Половина од нив ќе добијат посебни белегзии кои ќе ги следат здравствените параметри како отчукување на срцето и количина на стрес, а паметните телефони ќе собираат информации за нив како локација и фотографии. Сите тие информации ќе ги собира и ќе ги анализира вештачка интелигенција за да се дознае кои фактори влијаат на тоа повторно да се вратат на криминалните активности. Притоа, надзорот нема да биде во реално време, туку вештачката интелигенција тие податоци ќе ги анализира периодично во разни интервали. Другата половина ќе бидат дел од контролна група и нивните животи и активности нема да се следат.

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!