21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Локман Муслиу: CoWork Гостивар е место за поддршка на млади претприемачи!

Деновиве во Гостивар организацијата YEP отвори заеднички центар за работа CoWork – Гостивар за поддршка на млади претприемачи и за сите оние кои работат од дистанца (Remote Work).

Проектот CoWork е финансиски поддржан од Општина Гостивар, организација Ворлд Чикаго од САД, како и локалната компанија Лаки Медија. За овој модерен и иновативен простор кој ќе ги мотивира младите претприемачи да направат чекор напред во својата професионална кариера разговаравме со идејниот творец Локман Муслиу.

Започнува имплементацијата на проектот CoWork за поддршка на млади претприемачи. Кажете ни детали за проектот? Од каде дојде идејата и како се случи нејзина реализација?

Mинатата година имав можност да работам во Second Shift, коворкинг центар во Чикаго, САД, преку програма на Стејт департмент спроведено од World Chicago организацијата. Моето искуство во тој центар ме мотивираше да размислам за спроведување на таква идеја во нашиот регион. Нивното искуство и практики ќе ги искористиме за професионално менаџирање на нашиот заеднички центар CoWork Gostivar.

Што всушност ќе се случува во CoWork – Гостивар?

Идејата е да се помагаат младите претприемачи и да се мотивираат за спроведување на нови креативни идеи. Сигурни сме дека има многу креативни луѓе, особено млади во овој регион имаат бизнис идеи, но им треба ваков простор за да започнат. Исто така очекуваме да има интерес и од голем број на вработени кои работат од далечина (remote work) за фирми во странство.

Инаку, корисници на просторот можат да бидат луѓе од различни професии, како што се правници, сметководители, маркетинг менаџери, архитекти, фотографи, видео-едитори, консултанти, како и струки кои се тесно поврзани со дигиталните трендови.

Може ли да ни кажете каква е состојбата во Гостивар од аспект на претприемачки дух кај младите?

Гостивар има доста талентирани и мотивирани млади луѓе кои се спремни за следниот професионален чекор со започнување на персонален бизнис. Има многу успешни фирми кои се раководени од млади претприемачи.

Во првата година ќе се фокусираме повеќе на повратните информации (feedback) од страна на членовите на центарот за да можеме да им ги исполниме сите потреби. Потоа ќе се потрудиме да најдеме финансиски средства за поддржување на креативни идеи од млади претприемачи, во вид на донација.

Веруваме дека има многу убави и атрактивни места во нашата држава, затоа се надеваме дека ќе може да повлечеме внимание од дигиталните номади (digital nomad). Тоа се луѓе кои работат од далечина, но истовремено сакаат авантури и запознавање нови места. Ние се надеваме дека ќе може да им ги задоволиме професионалните потреби со нашиот центар, но исто така ќе имаат и многу туристички опции.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •