10.3 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

ZTE го претстави првиот смартфон во светот со селфи камера под екранот

Kabtel desktop

ZTE искористил и специјална матрица на пиксели, пикселите се оптимизирани и ја подобриле конзистентноста на екранот. Развиен е и алгоритам за селфи камерата кој би требало да оптимизира во зависност од условите за осветлување. Сето тоа ќе им овозможи на корисниците да прават селфи фотографии, а притоа да не ја гледаат камерата под екранот.

ZTE го претстави првиот смартфон во светот чија селфи камера е скриена под екранот. Станува збор за смартфонот ZTE Axon 20 5G, за кој се појави краток рекламен спот пред неколку недели. Телефонот има ОЛЕД екран од 6,92 инчи со FHD+ резолуција, под кој се наоѓа селфи камера од 32 MP. Ова решение за прв пат е искористено за еден смартфон кој ќе биде достапен на пазарот.

Од ZTE велат дека користеле пет различни технологии за да овозможи вградување и функционирање на камерата под екранот. Во изработката на екранот се користени материјали со висока провидност, со што е зголемена количината светлина која допира до камерата. Хардверот овозможува синхронизација на бојата меѓу селфи камерата и екранот.

The World's First Under-Display Camera Smartphone

Looks better#ZTEAxon20

Posted by ZTE Device on Петок, 21 август 2020

Оваа компанија нема да биде единствената која ќе има уред со вакво решение. Од Xiaomi минатата неделка најавија петта генерација камери сместени под екранот, која ќе биде дел од смартфоните идната година.

Од останатите спецификации, Axon 20 5G ќе има процесор Qualcommov Snapdragon 765G, 6/8 GB RAM-a, 128/256 GB внатрешна меморија, батерија од 4.220 mAh и поддршка за 5G мрежа. На задната страна има четири камери – главна од 64 мегапискели, широка од 8 мегапискели, макро од 2 и сензор за длабочина од 2 MP. ZTE Axon 20 5G веќе е достапен во Кина и чини 322 долари. Засега не е сигурно дали ќе се појави на пазарите надвор од Кина.

(Klix.ba)

(ZTE))

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •