21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Вкупно 24 медали за „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на трите најголеми светски вински натпревари ова лето

Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција како најтрофејна винарница во Југоисточна Европа. На трите најголеми и најпрестижни светски вински натпревари што неодамна се одржаа во Европа и Азија, врвните вина на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 24 медали, а со медал се закити и познатата тиквешка  „Лозова ракија VS“.

Најголем број награди, од кои дури шест златни, два сребрени и три бронзени медали се освоени на најголемиот вински натпревар во Кина – China Wine & Spirits 2020. На овој престижен натпревар, во конкуренција на вина од 55 земји, со златен медал се наградени: црвеното „Barovo 2017“, белото „Barovo 2019“, белото „Bela Voda 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2019“, како и розето „Mistral au Jardin 2019“ и црвеното „Terrasse à l’Ombre 2018“  од француската винарница на „Тиквеш“, „Château de Gourdon“.

Дополнително, на летната сесија на еден од најголемите вински натпревари што се одржуваат во Европа – Mundus Vini, во конкуренција од 11.000 вина од целиот свет, вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија три златни и еден сребрен медал. Конкретно, во овој натпреварувачки циклус на Mundus Vini, златни медали освоија: црвеното „Barovo 2017“, белото „Domaine Lepovo Chardonnay 2019“ и црвеното вино „Тerrasse à l’Ombre 2018“.     

Претходно, на реномираниот интернационален натпревар за вино и жестоки пијалаци (International Wine and Spirit Competition – IWSC), што се одржа во Лондон, Велика Британија, производите на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освоија вкупно девет медали, две сребрени и седум бронзени.

Од почетокот на оваа година и покрај ограничувањата и предизвиците што ги донесе кризата со Ковид-19, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 50 медали на најпрестижните светски вински натпревари што се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Кина, со што винарската визба „Тиквеш“ одново го потврди успехот од минатите години, потврдувајќи и зацврстувајќи ја својата репутација на најуспешен производител на автентични вина со врвен квалитет.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •