Американската компанија Walmart соопшти дека ќе почне пилот-програма која се однесува на испоракта на продукти за домаќинство преку автоматизирани дронови во соработка со компанијата Flytrex, а со цел да се зголеми брјот на испораки во малопродажба. Како што пренесува Reuters, од Walmart велат дека тестирањето требало да започне вчера во Северна Каролина, кога преку дронови требало да се преземаат и да се доставуваат продукти за домаќинство.
„Знаеме дека ќе помине време додека да видиме милиони пакети кои се испорачани со дрон затоа што ова се уште изгледа како научна фантастика“ изјавија од Walmart.
Соочена со пандемијата на корона вирусот компанијата ги прошири своите услуги и воведе и сегмент за достава со дронови со оглед на тоа дека купувачите се многу повнимателни и се одлучуваат за онлајн купување. Од Walmart, чија интернет-продажба на територијата на САД се дуплираше во вториот квартал, ја истражува и можноста за достава преку автономни возила.
(фото: Wikimedia)