Најпопуларните 20 курсеви на LinkedIn се бесплатни до 30 септември

- Advertisement -

LinkedIn е најпопуларната професионална мрежа во светот, а голем број од корисниците се спремни да плаќаат скоро 30 долари месечно за да следат преку 10.000 едукативните онлајн курсеви.

Според LinkedIn, бројот на луѓе кои ги следат курсевите се зголемил за три пати во текот на последната година, пред сé поради новонастанатите пандемиски услови и работењето од дома, што на корисниците им овозможува повеќе време за надоградба на своите вештини и знаења.

- Advertisement -

 Со цел да им понуди увид и на останатите членови на платформата во корисноста на овие едукативни курсеви, LinkedIn се реши да ги отвори 20 најпопуларни курсеви на платформата бесплатно за сите заинтересирани до 30 септември.

Меѓу нив се наоѓаат курсеви за менаџирање со времето, стратешко и критичко размислување, развој на емоционалната интелигенција и комуникациските вештини, учење на програмскиот јазик Python, тренинг за работа со Excel, работа со Microsoft Teams и слично. Целосната листа на достапни курсеви може да се најде на следниот линк.

- Advertisement -

Извор – Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -