21.3 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

ВИДЕО: Полета првиот прототип на авионот од иднината

Универзитетите TU Delft, KLM и Airbus успешно тестираа прототип на авион од новиот дизајн наречен Flying-V на небото над воената воздушна база во Германија. После досегашните тестови на копно и во воздушен тунел, функционалниот прототип на Flying-V со два трупа успешно полета и изведе серија маневри, како што можете да видите и од видеото подолу.

Лидерот на проектот, д-р Роелоф Вос и неговиот тим од истражувачи и инженери се задоволни со првиот лет на авионот кој очигледно е инспириран од легендарната гитара Gibson Flying-V. Со ова е направен уште еден чекор напред кон развојот на целосно нов тип на патнички авион од иднината.

Flying-V е дизаниран да биде економичен, пред се преку оптимизација на патничкиот простор и потрошувачката на гориво, а компјутерските симулации докажаа дека подобрената аеродинамика и намалената тежина можат да доведат до заштеда на гориво сдо 20%.

Во следната фаза од развојот TU Delft, KLM и Аirbus планираат да развијат нов тип на пропулзија за авион, што значи дека еден ден во иднина може да се користи течен водород наместо керозин. Дури потоа можеме да очекуваме да се направи прототип со реална големина, но ќе треба да почекаме уште некое време.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube ѕcreenshot))

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •