18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Нејтан Шефилд: The Premiere е најнова иновација на Samsung Electronics која создава совршено домашно кино

На неодамна одржаната виртуелна конференција Life Unstoppable Samsung Electronics го најави The Premiere, новиот 4K Ultra Short Throw ласерски проектор. Тоа беше повод „Иновативност“ да направи онлајн интервју со Нејтан Шефилд, Head of Visual Display на Samsung Europe. 

Разговорот онлајн го водеше Верица Јорданова

Samsung Premiere е премиум 4К HDR троен ласерски проектор, кој ќе го смени целосно кинематографското искуство. Може ли да ни кажете нешто повеќе за овој производ? Во што е иновативноста на овој уред и кога ќе се најде на пазарот во Македонија?

Проекторот LSP9 е надградена верзија на поевтиниот модел LSP7. Тој производ е резултат на генералниот тренд и постојаните барања на консументите за поголеми екрани на уредите. Проекторот овозможува целосно кинематографско искуство, било да е тоа во домашни услови, во кино, на училиште, па дури и за подобро гејминг искуство. Овие производи ги развиваме со цел на различни начини да доразвиеме и да иновираме една веќе постоечка категорија.

Иновација има во квалитетот на сликата. Главниот производ содржи тројна ласерска технологија што гарантира најдобро искуство во 4К. Ја додадовме и нашата технологија за HDR Plus која го репродуцира квалитетот на сликата многу поблиску до оригиналот. Информациите ги анализира сцена по сцена, односно рамка по рамка и така се добиваат пореални бои и поголема длабочина на сликите. Така се добива еден 3Д ефект и чувство како да сте дел од акцијата. Постои и друг начин на работа за креирање филмови, кој всушност е развиен од страна на UHD Alliance и поддржан е од многу холивудски студија како и од холивудските режисери.

Производот е дизајниран да даде оригинално, реалистично искуство, какво што сакаат да видат креаторите на содржини. Така се добива еден вид на 3Д ефект и чувствувате дека сте дел од сликата. Во однос на звукот, кој е многу битен елемент од искуството (можеби околу 50%), има еден дел кој честопати е занемаруван од други производители на ова ниво на технологија. Она што ние го направивме е целосно сараунд решение, кое е вградено во проекторот. Технологијата која ја вградивме се вика Acoustic Beat, уникатен звучник со 22 посебни отвори кој го проектира звукот на тридимензионален начин и се добива целосно сараунд искуство.

Друго нешто што е уникатно кај нашата линија проектори e Samsung Smart TV платформата. Тоа значи дека платформата која ја имаат нашите телевизори сега е вградена во проекторите и корисниците имаат пристап до сите апликации кои ги има на еден телевизор, како и пристап до гласовно управување, било да е тоа Alexa или Google Assiѕtant. Сега можете да задавате команди или да добивате информации директно од проекторот. Можете и да го поврзете проекторот со мобилниот телефон и потоа можете да проверувате содржини преку проекторот на големиот екран.

Со овој продукт ние препознавме можност да развиеме нешто навистина уникатно, уред што ќе биде во целосна хармонија со домот и со околината. Така се добива една целосна конективност на сите Samsung уреди во домот. Проекторот може да се постави на растојание од само неколку сантиметри од ѕидот, на пример, и ќе проектира слика на растојание до 2,5 метри. Ако го оддалечите малку повеќе од ѕидот, сликата ќе ја проектира на максимални 3 до 3,3 метри.

Она што е најважно е дека ние навистина ги поместивме границите на технологијата за да понудиме најквалитетна слика, со уникатни технологии за звук за да обезбедиме целосно кинематографско искуство. Но, посветивме доста внимание и на физичкиот дизајн на производот за да биде флексибилен, приспособлив и да може да биде во хармонија со вашиот дом. Секој производ што го развиваме го развиваме базирано на истражувања на потребите и она што недостига во конкретната категорија.

Дали тоа значи дека проекторот може да се поврзе со други уреди освен со телевизор? И дали може да се користи со секаков телевизор?

Проекторот сам по себе е еден уред кој можете да го поврзете со други извори на видео. На пример, можете да го поврзете со играчка конзола, со видеоплеери, со мобилниот телефон и тогаш моментално ќе проектира слика од тоа што го гледате на другите уреди. Значи, компатибилен е со низа уреди. Како што веќе споменав, ако сте гејмер и сакате навистина фантастично искуство, можете да ја поврзете играчката конзола со проекторот. Ако сакате да го користите за да гледате сопствени содржини кои, на пример, сте ги направиле со телефонот, можете да го поврзете со телефонот и можете на ѕидот да ги гледате семејните фотографии и сл. Благодарение на вградената smart опција било да е тоа со апликации како Netflix, Youtube или Spotify, на ѕидот можете да ги гледате содржините што ги гледате на телефон. Како што реков, проекторот е сестран и е дизајниран да ви го овозможи најдоброто искуство.

Звучи фантастично. Дали проекторот е дизајниран првенствено за приватни корисници и домашна употреба или можеби за бизнис секторот?

Производот е дизајниран првенствено за приватна употреба дома. Го дизајниравме да одговара на потребите на домот и да биде во хармонија со домашната средина и затоа е толку флексибилно решение. Може да се користи и во други средини, но примарно е наменет за домот. Како што споменав, дизајнот е базиран на истражување на потребите на нашите корисници.

Дали проекторот е веќе на пазарот?

– Не, но ќе го има на пазарот многу наскоро. Ќе биде достапен да се купи од октомври натаму, што значи ни остануваат уште неколку недели, а ќе може да се купи секаде во Европа.

КОВИД-19 не ги спречи иновациите на Samsung. Годината уште не е завршена, па може ли да ни откриете дали може да очекуваме уште иновативни решенија до крајот на годината?

На виртуелната конференција Life Unstoppable најавивме повеќе нови производи. Тоа е она ново што го подготвивме не само од аспект на технологија, туку и од аспект на креативни решенија. Ние во Samsung не чекаме да се развиваат пазарите, туку самите создаваме пазари. Лично ја најавив премиерата на The Terrace, телевизорот на надворешни услови, а и моите колеги најавија цело портфолио на производи. Во однос на идните планови и чекори, секако дека 2021 година не е далеку. На почетокот на идната година ќе има уште многу новини, кога ќе лансираме цела линија нови производи. Се надеваме дека луѓето со нетрпение ќе очекуваат да видат што ново ќе им понудиме.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •