Мексикански хотел нуди престој во буриња за текила

- Advertisement -

Хотел кој се наоѓа во Текила во Мексико на своите гости им нуди преспивање во големи буриња. Фановите на текилата не само што ќе го пијат својот омилен пијалак, туку и ќе поминуваат доста време во бурињата.

Станува збор за Хотел де Барикас, што во превод значи хотел од буриња. Се наоѓа во дестилерија која произведува 15.000 литри текила секој ден. Уникатната локација се наоѓа во околината на градот Текила, каде што и настанал тој алкохолен пијалак.

- Advertisement -

Хотелот нуди 30 огромни буриња претворени во соби, а има и четири стандардни Silver King соби. Од хотелот порачуваат дека на тоа место текилата може да се вдишува, да се вкусува и да се почувствува.

Иако бурињата не изгледаат нешто посебно, нивниот ентериер е луксузен. Секое буре има хотелски инвентар, вклучувајќи телевизор и клима уред, ормари, мини бар, па дури и џакузи во една од собите. Цените за ноќевање се движат од 160 евра нагоре.

- Advertisement -

Во близина на хотелот има импресивнас дестилерија, каде што гостите можат да уживаат во дегустација на текила. Тука е и подземниот ресторан, кој се наоѓа 4,5 метри под земја и служи традиционални мексикански јадења со различни коктели базирани на текила.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Snappy Goat)

Сподели!
- Advertisement -