Растат вториот и третиот пензиски столб и во услови на ковид-19

- Advertisement -

И покрај предизвиците што ги наметна корона кризата, капитално финансираното пензиско осигурување кое е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финанскиот систем, веднаш по банкарскиот сектор, остана стабилно и продолжи со својот раст, информираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС

Вкупните акумулирани средства во задолжителните и доброволните приватни пензиски фондови со кои управуваат пензиските друштва во вториот квартал од оваа година забележаа раст од 7,9 проценти во однос на првите три месеци од 2020 година.

- Advertisement -

„Перформансите на капитално финансираното пензиско осигурување се навистина охрабрувачки. Истите придонесуваат за натамошно зголемување на довербата во МАПАС која врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства, со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови“, вели Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Инаку, бројот на членови во задолжителните и доброволните пензиски фондови на крајот на август 2020 година изнесува 547.616, а вкупната вредност на нивните акумулирани средства надминува 1,37 милијарди евра.

Сподели!
- Advertisement -