Ниту Дојче банка не е сигурна за враќањето во канцеларија: работниците ќе работат од дома и следната година

- Advertisement -

Дојче банка им соопшти на своите работници во Њујорк дека најверојатно ќе продолжат со работа од дома до средината на 2021 година, за разлика од ривалските банки кои сакаат да ги вратат своите работници во своите канцеларии.

Во своето соопштение, банката изрази разбирање за своите колеги кои се соочуваат со постојано синхронизирање на работата и училишниот распоред на децата, како и загриженост за јавниот превоз, чистотата и квалитетот на животот.

- Advertisement -

Вработените можат да работат од дома до јули, кога компанијата планира да го премести своето седиште од Волстрит во нови канцеларии на Менхетен.

– Ќе ве замолиме да се вратите во канцеларијата кога ќе се преселиме во нашата нова зграда, под претпоставка дека тогашното опкружување ќе овозможи безбедно враќање на работното место – рече Матијас Круз, шеф на американскиот огранок.

- Advertisement -

Другите компании сакаат што поскоро да ги вратат своите работници во своите канцеларии, а ЈП Морган Чејс им соопшти на своите вработени дека крајниот рок е денес. Од друга страна, некои работници ширум светот се толку навикнати да работат од дома што сакаат да продолжат со тоа темпо, доколку е можно барем два дена во неделата.

Извор – www.kariera.mk

Сподели!
- Advertisement -