11.2 C
Skopje
четврток, октомври 29, 2020

Научници пресметаа колкави се шансите да се заразите со КОВИД-19 ако патувате со авион

Kabtel desktop

Шансите да се заразите со КОВИд-19 ако патувате со авиони се многу помали отколку што мислите, пресметаа научниците. Седењето помеѓу голем број странци во авион можеби ви изгледа како ризична ситуација во оваа доба на пандемија, но според некои експерти, кои посочуваат на само неколку документирани случаи на заразување во авион, шансите да се заразите со КОВИД-19 во авион се релативно мали.

Стравот од летање со авион во текот на пандемијата драстично го намали воздушниот сообраќај, а секако причина за тоа се и затворените граници на многу земји. Ако се покажат точни тврдењата на научниците, стравот од ризикот за заразување со корона вирусот на тој начин можеби е неоснован.

Во еден од случаите кои ги наведуваат 328 патници и членови на екипажот биле тестирани за корона вирусот откако било откриено дека на 31 март на лет од САД до Тајван имало 12 патници кои биле симптоматични во тоа време. Сепак, сите други патници и членовите на екипажот имале негативни резултати на тестовите.

Иако има неколку потврдени случаи на заразени патници со КОВИд-19 во авион кои го пренеле вирусот на членови на екипажот или на други патници во текот на изминатите некоку месеци, веројатноста за пренос на вирусот на тој начин е многу ниска.

Едно неодамна објавено истражување во медицинскиот весник JAMA Network Open открива која е веројатноста за ширење на корона вирусот во текот на четиричасовен лет од Тел Авив до Франкфурт во март годинава.

Двајца патници се заразиле со вирусот откако патувале со група туристи кои имале контакт со менаџер на хотел кој бил заразен, велат истражувачите од Институтот за медицинска вирологија на Универзитетот Гете во Франкфурт. И двајцата седел во задниот дел од авионот, наспроти седумтемина патници кои биле заразени.

На лет, пак, од Велика Британија до Витенам на 2 март, за кој што се сомнева дека еден патник го пренесол вирусот на 14 други патници, како и на член на екипажот, досега е единствениот познат случај на заразување на повеќе луѓе од една личност.

Едно објаснување за нискиот ризик од заразување со корона вирус во модерните патнички авиони е проветрувањето на воздухот и постојаната замена на внатрешниот воздух со свеж на секои 2-3 минути, а повеќето авиони се опремени и со филтри за воздух кои го чистат воздухот од 99,9% од честичките.

Понатаму, неколку нови протоколи се имплементирани за спречување на ширењето на вирусот како што се носење маски и за персоналот и за патниците, мерење на температурата на патниците, како и поинтензивно чистење на авионите и лимитирано движење во текот на летот.

Арнолд Барнет, професор по статистика на Школата за статистика Слоан при Институтот за технологија во Масачусетс, се обиде да ги пресмета шансите а инфицирање со корона вирусот при летање со авион. Според неговите пресметки, кои се базирата на кратки летови во САД со авиони со по три седишта на двете страни, како што е „ербас 320′ и „боинг 737“, и под претпоставка дека сите носат, маски, ризикот од заразување со вирусот во авион е 1:4.300. Шансите за заразување се уште помали ако средните седишта од двете страни се празни – 1:7.700.

Овие бројки се однесуваат пред се на двочасовни летови во САД, кои се тешко погодени од пандемијата. Шансите би биле помали за летови во други делови од светот и повисоки за долги летови. Што се однесува на местото на седење во авионот, Барнет вели дека шансите за заразување се малку поголеми кај луѓето што седат во седиштата лево и десно од празниот простор на средината затоа што околу нив има повеќе луѓе отколку кај седиштата крај прозорците.

Пресметките на Барнет се базираат на претпоставката дека летовите функционираат со полн капацитет. Професорот ја поддржува мерката за чување на средните седишта празни, иако од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) велат дека овој пристап е економски неисплатлив за авиокомпаниите.

(CNN)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •