Њујорк e најдобар финансиски центар во светот, Лондон е втор

- Advertisement -

Њујорк го задржа првото место на светската ранг листа на финансиски центри, а Лондон го обезбеди второто место пред целосното излегување на Велика Британија од Европската унија, покажува денеска објавено истражување.

Индексот на глобалните финансиски центри (ГЦФИ) се заснова на истражување спроведено од групата З/Јен во партнерство со Кинескиот институт за развој и вклучува истражување на 8549 професионалци во финансискиот сектор и нивните над 54.500 оценки. Финансиските експерти ја проценуваат политичката стабилност, регулаторната средина, достапноста на квалификувани работници, квалитетот на животот, инфраструктурата, достапноста на капиталот, ликвидноста на пазарот, угледот и културната разновидност.

- Advertisement -

– ГФЦИ28 покажува зголемена доверба во водечките финансиски центри, но и општ пад на довербата во другите центри, рече Мајкл Мајнели, извршен директор на З/Јен. Новите начини на работа претставуваат предизвик за концептот на традиционален финансиски центар. На пример, гледано од физичка перспектива, Ковид-19 има разорни економски последици за градот Лондон, но финансиските услуги во југоисточна на Англија постигнаа добра година, појасни директорот.

Шангај го престигна Токио и го зазеде третото место, додека петтото и шестото место им припаднаа на Хонг Конг и Сингапур. ссм/

- Advertisement -

Њујорк, 25 септември 2020 (МИА)

Сподели!
- Advertisement -