9 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Wikipedia го доби првиот десктоп редизајн во последните десет години

Kabtel desktop

Wikipedia е интегрален дел од интернет културата речиси дваесет години и на корисниците им овозможува да пребаруваат различни теми од своите компјутери, таблети или телефони. Сега овој популарен сајт доби озвежување во форма на редизајн за да стане подостапна за новите и млади корисници, пишува The Verge.

Како најкорисна новина се истакнува тоа што корисниците сега можат полесно да преминуваат кон секции кои ги интересираат во рамките на некој текст, без скролање. Од левата страна на секоја страница ќе се појавува паѓачко мени, кое ќе им овозможи на читателите побргу да дојдат до оние делови од текстот кои ги интересираат.

Освен тоа, Wikipedia доби и тестер за промена на јазикот во рамки на страницата која се чита и позиција за пребарување која бу требало да го поедностави пребарувањето во рамки на страницата. Овде е и новото лого кое во иднина ќе зазема помало место на страницата.

Wikimedia Foundation најави дека промените ќе се случуваат во текот на подолг временски период и корисниците ќе можат да ги тестираат новите опции преед тие официјално да се промовираат. Промените на новите опции за десктоп би требало да привршат до крајот на 2021 година.

(Klix.ba)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •