10.3 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

А1 Македонија со концепт тарифи А1 Neon и A1 Neon+ и опција за неограничен интернет од полноќ до сабајле

Kabtel desktop

Купувањето преку интернет, онлајн трансакции и нарачки во последните неколку месеци станаа наше секојдневие. Постојано се воведуваат различни онлајн канали преку кои корисниците имаат можност брзо и едноставно да дојдат до посакуваните производи и услуги и од удобноста на своите домови.

А1 Македонија е една од малкуте компании на нашиот пазар која постојано воведува новитети во начинот на продажба. Покрај продажните салони кои им се достапни на корисниците, услугите на компанијата се достапни и преку телефонска продажба, мобилната апликација Мојот А1, но и преку чет-бот Славчо, кој на корисниците може да им помогне при плаќање на сметки, надополнување на кредит, но и при избор и активација на услуги.

Резултат од новата дигитална ера и работење кон дигитализација, А1 Македонија го покажа уште пред една година кога во своето портфолио ја воведе концепт-тарифа А1 Neon, која е дел од од постпејд понудата на А1, но со продуктна предност овозможена ексклузивно преку онлајн каналот за продажба. Една година подоцна по повод првиот роденден на А1 Македонија, компанијата воведе и новата тарифа, А1 Neon+како дел од онлајн портфолиото. Оваа тарифа вклучува уште поголеми придобивки, како што се 30 GB месечен мобилен интернет, но и можноста за сочувување на неискористениот месечен мобилен интернет до 100GB во А1 Net Sef. Со овој тарифен модел корисниците ја добиваат и новата опција за размена на сочуваниот интернет во A1 Net Sef со други услуги по свој избор, како интернет во роаминг или разговори кон странство, достапни на Мојот А1, а дополнително ја вклучува и ноќната опција со која корисниците сурфаат неограничено од 12 на полноќ, па се до 6 часот наутро. 

Одлична предноста на онлајн тарифите се и дополнителните попусти за телефони, достапни само преку онлајн каналот за продажба.

За корисниците на фиксни услуги, тарифните модели A1 Net Neon и A1 Combo Neon им нудат можност за користење на услугите без договорна обврска за времетраење, како и без трошоци за инсталација. На овој начин, А1 на своите корисници им нуди комплетни решенија, за достапни цени и комплетна слобода во комуникација.

Сите информации за тарифниот модел A1 Neon+ се достапни на официјалната веб страница на А1 Македонија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •