Букинг-сајтот Hotels.com буквално нуди „живеење под камен“ за време на изборите во САД

- Advertisement -

Помеѓу пандемијата, шумски пожари, урагани, роеви на скакулци, а сега и претстојни претседателски избори, 2020 година се покажа доста интензивна за американските граѓани. Голем дел од нив би посакале да можат да се скријат под „некој камен“ и да чекаат да помине сé, пренесува Маркетинг 365.

Епа, тоа е токму она што го нуди букинг-сајтот Hotels.com за еден среќен добитник – специјална и удобна соба, 15 метри под земја, во пустината на Ново Мексико. Добитникот ќе има можност да престојува таму 5 ноќевања, од 2 до 7 ноември (изборите се на 3 ноември), и тоа за само 25 долари.

- Advertisement -

„Знаеме дека изборниот период може навистина да биде заморен и стресен, па го претворивме познатиот идиом во уникатно ноќевање кое навистина може да постои само во година како 2020. Сега, патниците навстина ќе можат да направат пауза од целиот негативен изборен наратив и да отидат да живеат под камен – буквално,“ истакна неодамно Џенифер Дом, директор за односи со јавност и социјални медиуми за Северна Америка во Hotels.com, во изјава за Travel + Leisure.

За оние кои нема да бидат доволно брзи и да успеат да го резервираат својот престој во подземното живеалиште, Hotels.com нуди и попуст од 20% за резервација во повеќе сместувачки објекти кои во своето име го содржат зборот „камен“ (“rock”.)

Сподели!
- Advertisement -