-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

Coca-Cola претстави шише за сок направено од хартија

Kabtel desktop

Coca-Cola веќе некое време работи на креирање шише направено од хартија кое ќе може да се рециклира 100%. Станува збор за иновативна технологија за амбалажа која ќе ни помогне да создадеме свет без отпад. Од компанијата вчера објавија видео во кое може да се види нивната лабораторија и каков напредок постигнале досега.

Нивната крајна цел е до 2030 година секое шише или лименка што ќе ги продадат да ги вратат назад за рециклирање, додека истовремено ја намалуваат консумацијата на суровини за амбалажи. За тоа ќе бидат потребни континуирани инвестиции во иновации, истражување разни технологии, партнерства и соработки со други компании.

Како дел од таа нивна стратегија тие го претставија прототипот на концептот за хартиено шише направен во соработка со компанијата за производство на хартија Paboco.

Нашата визија е да создадем хартиено шише кое ќе може да се рециклира како секоја друга хартија, а овој прототип е првиот чекор дотаму. Хартиеното шише отвора цел нов свет на можности за амбалажи и ние сме убедени дека хартиената амбалажа ќе игра битна улога во иднина“ вели Стијн Франсен, менаџер за иновации во Coca-Cola, кој исто така работи на проектот.

Првиот прототип на хартиеното шише има надворешен дел направех од хартија со пластично капаче и пластична внатрешност. Пластиката која ја користат за внатрешниот дел е 100% рециклирана и може повторно да се рециклира. Но, визијата на компанијата е да направи шише кое ќе може целосно да се рециклира како секоја хартија. Наредниот чекор е да се најде решение за правеќе шише без употреба на пластика.

(Coca-Cola)

(фото: Coca-Cola screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •