-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Instagram воведува големи промени – ќе дозволи емитување во живо до 4 часа

Kabtel desktop

Instagram во својата платформа воведува низа промени и подобрувања. Меѓу нив е и тоа што ќе се продолжи траењето на емитувањето во живо од 60 минути на до четири часа.Таа можност за емитување во живо ќе им биде достапна на сите корисници кои не ги прекршиле правилата за интелектуална сопственост.

Корисниците на Instagram исто така ќе можат да ги гледаат своите преноси во живо во своите приватни архиви, слично како што досега можеа со објавите и „приказните“, до 30 дена после објавата. На располагање ќе им биде и можноста за преземање на содржините и објавите на сруди социјални мрежи.

Освен овие новини, ќе биде доделена и категоријата Live Now на IGTV, каде што корисниците на Instagram ќе можат да прегледаат се што е достапно во форма на пренос во живо во тој момент.

Компанијата се надева дека видеата во живо ќе ги задрѓат луѓето во апликацијата што подолго. Постојат многу платформи меѓу кои луѓето можат да бираат кога ќе емитуваат во живо, но Instagram се обидува да се направи поконкурентна и поквалитетна апликација.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •