Apple инвестира 30 милијарди долари во набавка на чипови

- Advertisement -

Американската технолошка компанија Apple ќе инвестира повеќе од 30 милијарди долари (околу 25,5 милијарди евра) во повеќегодишен договор за снабдување со чипови од компанијата Broadcom, објавија двете компании. Договорот ќе овозможи и проширување на фабриката на Broadcom во Колорадо.

Договорот, кој ќе важи најмалку до 2031 година, вклучува испорака на радиофреквентни FBAR филтри, специјализирани чипови кои овозможуваат безжична комуникација на уредите на Apple, кои двете компании заеднички ги развиваат веќе неколку години, пишува Insider. Како дел од договорот, Broadcom ќе инвестира 1,5 милијарди долари (околу 1,28 милијарди евра) во проширување на производствениот погон во градот Форт Колинс, во сојузната држава Колорадо. Се очекува во таа фабрика да се произведат најмалку 15 милијарди чипови.

„Епл“ изјави дека договорот е дел од нивната стратегија за зголемување на снабдувањето со клучни компоненти произведени во Соединетите Американски Држави, во согласност со напорите за зајакнување на домашното производство на полупроводници.

- Advertisement -

Извршниот директор на технолошкиот гигант Тим ​​Кук (Tim Cook) оцени дека компонентите произведени во Колорадо се од клучно значење за перформансите и квалитетот на поврзувањето на уредите на „Епл“, нагласувајќи дека компанијата продолжува да ја продлабочува соработката со американските добавувачи и да инвестира во домашното производство.

(Bizsnis)

- Advertisement -

Фото – Pick Pik

- Advertisement -