-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Oва се паметни прозорци со неверојатни можности!

Kabtel desktop

Секој што живее во топол крај знае дека ролетните штитат од топлината и од светлината. Но, што ако наместо блокирање на светлината, би можеле да ја искористиме за добивање енергија?

Ново истражување насловено „Reversible Multicolor Chromism in Layered Formamidinium Metal Halide Perovskites,” направено од страна на американското Министерство за енергија, односно на Националната лабораторија за обновлива енергија детално ја објаснува технологијата наречена термохромска фотоволтаична технологија која менува боја кога ќе се загрева со сончева светлина со цел да се намали потребата за ладење.

И не само тоа. Кога паметните просозрци ќе детектираат силна светлина и ќе се затемнат, исто така почнуваат да собираат енергија од истата светлина која ги потемнува.

Прозорците се направени од слој од материјалот перовскајт поставен меѓу две стакла. Кристалите а перовскајт се реорганизираат на повисоки температури најпрвин во синџир, па во лист, па во коцка. Секоја форма ја менува бојата на стаклото и ја блокира светлината под различни степени.

Промените на бојата се случуваат меѓу 35 и 46 °C. Овие нови прозорци може да менуваат боја од провидни до жолти, портокалови, црвени и кафеави за околу 7 секунди.

Прототип на технологијата може да се направи за една година.

(Interesting engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •