-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Sophos е прогласен за лидер во извештајот за менаџирање со мобилни закани на ID

Kabtel desktop

Sophos е признаен како лидер во извештајот IDC MarketScape: Worldwide Mobile Threat Management Software 2020 Vendor Assessment. Извештајот нуди преглед на безбедносните решенија за менаџирање со мобилни закани (МТМ), кои исто така се нарекуваат одбрана од мобилни закани. Тоа е се многу битен пазарен сегмент на безбедноста во овој модерен свет, каде што мобилната работна сила работи на мобилни уреди многу повеќе отколку порано.

Веруваме дека ова признание за Sophos Intercept X for Mobile е доказ за моќноста на моторот за длабинско учење Intercept X, кој се користи во повеќе безбедносни решенија на Sophos за крајните корисници. Заедно со флексибилноста на силниот менаџмент и безбедносните капацитети на Sophos Central, платформата за менаџирање во облак за сите производи на Sophos им овозможува на организациите да менаџираат со безбедноста на мобилните уреди, крајните решенија, серверите и мрежите преку една иста конзола.

Освен тоа, веруваме дека заслугата за ова признание е благодарение на лесната интеграција на Intercept X for Mobile со можните опции за менаџирање со крајните решенија на Sophos Mobile, па организациите го добиваат најдоброто – менаџирање со мобилни закани (MTM) и унифицирано менаџирање со крајни решенија (UEM).

Според извештајот, „комбинацијата на Sophos од MTM и UEM производи е ретка меѓу производителите на MTM и уникатна меѓу производителите кои се дел од студијата“.

Intercept X for Mobile е достапен за Аndroid, iOS и Chrome OS и на корисниците им нуди уреди, мрежи и апликации за безбедност од врвна класа, штитејќи ги на тој начин од најновите мобилни закани, како што се изнудување откуп, мрежни напади и експлоити. Според извештајот, „оваа комбинација од MTM и UEM на Sophos му дава силна предност во ситуации каде што компаниите бараат еден ист производител на решенија за менаџирање со мобилни уреди и безбедност“.

Sophos Intercept X for Mobile, исто така, интегрира повеќе платформи од трети страни, како што е Microsoft Intune и други врвни производители на UEM. Така организациите добиваат флексибилно решение за заштита од мобилни закани во рамките на нивните уникатни инфраструктури за безбедност.

За да дознаете повеќе за Intercept X for Mobile посетете ја страницата Sophos.com или симнете го софтверот и испробајте го на Google Play или на App Store.

Gold Partner на Sophos за Македониjа е КАБТЕЛ, www.kabtel.mk, 02/ 3103 230.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •