Познатиот американски синџир супермаркети Walmart се откажа од користење роботи и работата повторно им ја врати на луѓе. Walmart ја отпушти од работа својата флота роботи затоа што анализата покажала дека луѓето подобро ја вршат работата кога станува збор за следење на состојбата на полиците.
Во 2017 година Walmart почна со тестирање на целосно автономни роботи на компанијата Bossa Nova Robotics во 50 свои продавници. Роботите можат да скенираат неколку артикли одеднаш и користат 3D технологија за избегнување на препреки. Идејата била роботите да ја следат пополнетоста на полиците, цените, погрешно позиционирани артикли и така да помогнат за намалување на трошоците.
Меѓутоа, за време на карантинот воведен поради пандемијата на корона вирусот Walmart утврдил дека луѓето кои работат на собирање онлајн нарачки исто така добро собираат податоци за залихите, па затоа роботите ги заменува со луѓе.
Директорот на Walmart бил загрижен и како ќе реагираат купувачите кога ќе бидат роботи кои се движат меѓу полиците. Роботите како правосмукалката Roomba, која чисти подови, и понатаму се корисни, но тие што ја следат состојбата на полиците ќе мора да им ја вратат работата на луѓето.
Сепак, експерментот не бил бесцелен затоа што се собрани бројни корисни податоци за технологијата, но и за корисничкото искуство.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)