-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

Ново истражување покажа дека имунитетот на корона вирусот трае со години

E-commerc 11.11.2020

Експертите на почетокот на пандемијата беа загрижени дека отпорноста на корона вирусот би била слична на грипот, поради што луѓето би требало фа се вакцинираат сезонски. Ѕоа би создало логистички хаос затоа што целиот свет би морал да се вакцинира секоја година за да се држи под контрола пандемијата.

Според досегашните претпоставки, организмот развива преодна отпорност на вирусот, што е лоша вест затоа што, меѓу другото, доведува до прашањето на ефикасноста на вакцините кога ќе биде откриена ефективна вакцина.

Но, најново истражување на калифорнискиот Институт за имунологија Ла Џола, кое било изведено на 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, покажало дека можеме да бидеме оптимисти. Имено, истражувањето сугерира на тоа дека имунитетот на корона вирусот може да трае со години, па дури и со децении.

Научниците ги следеле антителата, но и В клетките кои може да ги создадат повеќе антитела, односно тие два вида клетки кои ги убиваат другите заразени клетки. Истражувачите земале и примероци на крв од 38 луѓе во текот на повеќе месеци.

Тимот научници открил дека натителата се задржуваат,во телото, но дека благо им опаѓа концентрацијата до осум месеци после инфекцијата, иако количината меѓу учесниците доста варирала. Т-клетките покажале доста бавно пропаѓање, додека В клетките растеле. Истражувачите вредностите на споменатите клетки во текот на осум месеци ги вкалкулирале во буџетот за идни времиња и пресметале дека луѓето најверојатно ќе бидат заштитени неколку години. Колку точно години научниците не можат да пресметаат точно.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •