Русија сака да донесе закон за блокирање на социјалните мрежи

- Advertisement -

Пратениците на рускиот парламент претставија нацрт закон со кој, ако се усвои, на владата ќе и биде овозможено да го забрани пристапот до интернет на американските технолошки гиганти за кои се смета дрка вршеле дискриминација против руските медиуми.

Авторите на нацртот, од кои најголем дел се од владејачката партија Единствена Русија, наведуваат дека добиле жалби од домашните медиуми како Russia Today, RIA Novosti и Krim 24 дека им се суспендирани профилите или се означени на платформите на социјалните мрежи Twitter, Facebook и YouTube.

- Advertisement -

Twitter во август почна да ги означува профилите на неколку руски медиуми со описот „медиуми наклонети на државата“.

„Усвојувањето на овој нацрт е итно поради бројни случаи на неоправдани забрани за руските граѓани да пристапат до информациите објавени на руските медиуми, а тоа го прават одредени ресурси на интернет, вклучувајќи ги и оние регистрирани надвор од Русија“ се наведува во ридружниот текст на нацрт-законот.

- Advertisement -

За да стапи на сила нацрт законот мора да биде усвоен во горниот и долниот дом на парламентот, по што оди на потпис кај претседателот Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека е неопходно добро да се разгледаат мерките, но нагласи декае неопходен механизам за решавање на ваквите проблеми затоа што на интернет има бројни постапки за дискриминација против руските државјани.

Според нацрт законот, „рускиот државен обвинител и Министерството за надворешни работи ќе дефинираат на кои интернет ресурси им се забранува пристап до социјално битните информации на основа националност, јазик или во врска со санкции воведени против Русија и нејзините државјани“.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -