-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

Велика Британија забранува продажба на нови бензинци и дизелаши после 2030 година

E-commerc 11.11.2020

Продажбата на нови автомобили на бензин и на дизел ќе биде забранета во Велика Британија после 2030 година, објави британската влада. Одлуката за забраната е дел од планот во склоп на пошироката борба против климатските промени, кој исто така вклучува и изградба на крајбрежни турбини на ветер и користење на водород за греење.

Ќе ја користиме науката за да го совладаме вирусот и затоа мора да ја употребиме целата моќ на иновациите за да ја поправиме економската штета предизвикана од пандемијата на Ковид-19 и уште побрзо да се развиваме“ напиша пританскиот премиер Борси Џонсон за Financial Times.

Џонсон нагласи дека многу е битно плански и системски да се дејствува во наредниот период.

Сега е време да планираме зелено закрепнување на висококвалификуваните работи кои на луѓето им даваат задоволство затоа што знаат дека со тоа помагаат земјата да биде почиста, позелена и поубава“, наведе британскиот премиер.

Откривајќи го планот од десет точки Џонсон наведе дека ќе мобилизира 2 милијарди фунти владини инвестиции и потенцијално трипати повеќе од приватниот сектор за да се креираат и да се поддржуваат до 250.000 зелени работни места.

Планот на Џонсон вклучува употреба на енергијата на ветрот за напојување домови, производство на водород со ниска емисија на јаглерод диоксид и развој на нови генерации реактори за промоција на нуклеарна енергија како чист извор. Исто тако, целта на неговиот план е да се забрза преминот на електрични возила така што возењето велосипед и шетањето ќе ги направи поатрактивни, а зградите позелени, потопли и енергетски поефикасни.

Планот на Џонсон исто така вклучува технологија за складиште на штетната емисија на јаглерод диоксид за остранување на 10 метрички тони јаглерод диоксид од атмосферата до 2030 година, садење садници секоја година на површина од 30.000 хектари и развој на технологии потребни за спроведување на планот, додека планирано е Лондон да стане глобален центар за зелени финансии.

(N1)

(фото: )

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •