-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

До 2023 еден град во земјава, најверојатно Скопје ќе добие 5Г мрежа

Kabtel desktop

-Согласно стратегијата за развој на 5Г мрежата планираме до 2023 еден голем град во земјава да биде покриен со 5Г мрежа. Иако во Стратегијата таксативно не е наведен градот, тоа најверојатно ќе биде главниот град бидејќи тука е и најголема концентрација на корисници. Потоа сукцесивно ќе се покрива и останатата територија на земјава, што сепак ќе зависи и од заинтересираноста на телекомуникациските оператори, вели Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во интервју за Сител.

До крајот на идната недела се планира да биде распишан и меѓународен тендер за изработка на физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето. Како што објаснува Димитријоски, тоа не значи дека ќе се прават нови откритија туку сите релевантни информации на оваа тема кои постојат во светот ќе бидат ставени во еден документ. Сето тоа ќе се аплицира на ниво на влијание на 5Г мрежата во нашата земја, од причина што секоја држава има свои специфики на терен, на покриеност, што бара и различна густина на поставување на 5Г антени и воопшто различно дизајнирање на 5Г мрежата.

Според него сите шпекулации за штетното влијание на 5Г мрежата врз здравјето на населението потекнаа од пренагласување на моментот дека 5Г мрежата ќе донесе чудо.

„Во суштина новата генерација е само надградба на сето она што го имаме како технологија. Никакво чудо нема да се случи, едноставно тоа е технологија која ќе овозможи поголема брзина на пренос на податоци, помало доцнење на сигналот и ќе дава можност многу повеќе уреди да бидат поврзани автономно на тие мрежи, што значи дека најголемо влијание ќе има врз индустриските процеси на големите компании кои имаат роботизирани процеси на производство. Тоа ќе биде технолошка револуција, но на здравјето на граѓаните ништо нема да се случува“, додава Димитријоски.

Дека е така покажаа и мерењата на нејонизирачкото зрачење на 5Г антените кои беа поставени од Македонски Телеком и А1 кои направија тестирања за да демонстрираат кои ќе бидат брзините кои ќе се постигнат со имплементација на новата петта генерација на мобилни комуникации.

„Она што како АЕК го измеривме тогаш покажа дека нивото на зрачење на антените е идентично, па дури и во некои сегменти пониско од зрачењето на 4Г антените. Но имајќи предвид дека петтата генерација предаватели ќе бидат интелигентни предаватели кои кога нема во близина мобилен телефон ќе бидат исклучени, за разлика од сегашните кога имаме константно сигнали кои постојано зрачат, тоа само укажува дека количината на зрачење ќе биде помала од онаа што го имаме од 4Г генерацијата мобилни мрежи“, заклучи директорот на АЕК.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •