Русија сака да ги здружи силите со AstraZeneca на развој на вакцината против корона вирусот

- Advertisement -

На официјалниот Twitter профил на руската вакцина Sputnik V се појави објава во која се предлага AstraZeneca да ја комбинира својата вакцина со руската и на тој начин да се зголеми ефикасноста на руската вакцина, која засега е 62% (за разлика од ефикасноста на вакцината на Pfizer, која е над 90% и на Moderna која е 95%).

Предлагаме режим на комбинација на AZ вакцината со вакцината Sputnik V со човечки аденовирус за да се подобри ефикасноста“, се вели во објавата врзана за објавените резултати од клиничките тестирања на вакцината на AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд.

- Advertisement -

Извршниот директор на Astra Zenecа, Паскал Сориот, изјави дека таа фармацевтска компанија мора да помине уште една дополнителна студија пред да биде готова вакцината, со оглед на тоа дека резултатите од клиничките испитувања покажаа различна ефикасност која зависи од дозирањето на вакцината.

И покрај се, од AstraZenecа велат дека ќе побараат итна авторизација на нивната вакцина против корона вирусот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -