0 C
Skopje
сабота, јануари 16, 2021

Филипински инженер направи соларен панел од отпад од овошје и зеленчук

Kabtel desktop

Филипинскиот инженер и студент Карви Ехрен Маиге од Универзитетот Мапуа во Манила ја освои престижната награда James Dyson Award 2020 за одржливост со својата флуоресцентна плоча за собирање на сончевата енергија која ја направил од отпадоци од овошје и зеленчук.

Неговиот проект го носи името Aureus, а се однесува на нов флексибилен и издржлив материјал направен од луминисцентни состојки од овошје и зеленчук кој ја претвора УВ светлината во видлива светлина која потоа овозможува собирање на сончева енергија во соларни панели, како што можете да видите од видеото подолу.

Таа иновација, за чија промоција и маркетинг Маиге освои награда во висина од 30.000 фунти, настанала која филипинскиот инженер открил дека дури и кога е темно и сиво небото, без сончева енергија, УВ светлината се пробива до нас, па затоа може да се претвори во видлива светлина која овозможува добивање на сончева енергија.

Неговите флуоресцентни плочи може да имаат голема улога во тоа, па иноваторот смета дека Aureus може да се применува во вертикални соларни фарми кои ќе создаваат сончева енергија со многу мали трошоци за производство.

„Конвенционалните сончеви панели не можат да ја апсорбираат УВ светлината, а мојата иновација нуди решение токму за тоа“ вели Маиге.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •