Ocean Cleanup направи очила за сонце од пластиката собрана од Тихиот Океан

- Advertisement -

Great Pacific Garbage Patch е пловечки остров од отпад во Тихиот Океан. Неколку организации учествуваат во чистењето на тој дел и транспортирањето на отпадот назад на брегот, од каде што потоа се носи на депонии. Но, Ocean Cleanup, непрофитна организација со седиште во Холандија, ја пренасочува пластиката од океанот и ја рециклира до модерни очила за сонце, кои ќе им послужат за собирање средства за финансирање на понатамошниот тек на проектот.

Организацијата со години го развиваше системот за ловење на отпадот, што резултираше со System 001/B, кој беше поставен во северниот дел на Тихиот Океан на средината на минатата година. Тимот од над 90 инженери, истражувачи, научници и компјутерски моделари успешно го врати собраниот отпад на копно. Пластиката потоа беше спакувана со целосна транспарентност со цел да се осигураат дека пластиката од која се направени очилата навистина доаѓа од Тихиот Океан.

- Advertisement -

Отпадната пластика се процесира до цврст пластичен материјал за очилата. Очилата се дизајнирани од страна на Ив Бехар во Калифорнија, а ги произведува италијанската компанија за очила Safilo. Секој дел од очилата е направен така што може да се рециклира кога повеќе нема да е употреблив, вклучувајќи ги и поларизираните леќи и металните спојки. Поради тоа што има ограничена количина сертифицирана пластика, очилата се произведени во мал број.

Но, ефектот кој го постигнуваат е голем. Со секој пар купени очила се поддржува чистењето на огромниот куп отпад Great Pacific Garbage Patch, со големина на 24 фудбалски игралишта. Ocean Cleanup ќе го инвестира целиот профит во процесот на чистење додека се обидува да пронајде најдобри начини за чистење на океанот.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Ocean Cleanup screenshot)

Сподели!
- Advertisement -