2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Американската компанија Moderna тврди дека нивната вакцина нема сериозни нуспојави и ефикасност од 94,1%

Kabtel desktop

Откако Pfizer поднесе барање за итно одобрение на нивната вакцина во САД и во Еввропа, истото го направи и американската компанија Moderna. Како што објавија, примарните резултати за ефикасноста во третата фаза од клиничките тестирања на нивната вакцина mRNA-1273 покажале висока ефикасност од 94,1%. Резултатите од студијата, во која учествувале 30.000 доброволци од САД, уште се анализираат и со таа анализа ќе продолжат и понатаму.

Додаваат дека ефикасноста на вакцината е докажана затоа што во групата која примила две дози од вакцината немало сериозни слуќаи ни смртни исходи, додека во групата која примила плацебо имало 30 сериозни случаи и еден смртен случај.

Ефикасноста е докажана кај сите возрасни групи, раси и етнички малицнства, а не зависи ни од полот на луѓето.Од 196 испитаници кои имале КОВИД-19 (од кои 11 биле во групата која добила вакцина, а 185 во плацебо групата) имало 33 постари личности и 42 претставници на различно етничко потекло, велат од Modernа.

Истакнуваат дека не биле забележани сериозни нуспојави. Испитаниците најчесто се жалеле на болки и црвенило на местото на вакцинирање, замор и главоболка. Нуспојавите биле нешто посериозни после примањето на втората доза.

Позитивната примарна анализа ја потврдува способноста на нашата вакцина да ја спречи болеста КОВИД-19 во 94,1% од случаите, но и да спречи развој на сериозни форми на болеста. Веруваме дека нашата вакцина ќе стане силна алатка која би можела да го промени текот на пандемијата и да помогне во превенцијата на сериозни болести, хоспитализација и смрт“ велат од Moderna.

Истакнуваат дека веќе почнале постапка за одобрение од Европската унија, Канада, Швајцарија, Велика Британија, Израел и Сингапур, а имаат намера да побараат и одобрение од Светската здравствена организација.

(Zimo)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •